Гевгелиската општа болница доби ЕЕГ апарат како донација

Со огромна радост ве известуваме дека нашата локална болница ќе може да ни пружи преглед за кој претходно мораше да патуваме барем до Струмица.

Се работи за електроенцефалограм или ЕЕГ апарат кој се користи за дијагностицирање на мозочни удари, епилепсија, повреди на главата, главоболки, мозочни тумори итн.

Апаратот пристигна во просториите на болницата и за неколку месеци, откако ќе се обезбедат соодветни услови за работа, ќе биде ставен во употреба.

Нашето здружение Changemakers4All, во соработка со Микродонија, Јан Звиерс и Тајс Зоон  ја донесе оваа донација од универзитетскиот медицински центар во Гронинген.

„ЕЕГ апаратот е моментално во магацински простор на болницата, но наскоро ќе биде поставен во посебна просторија на одделението за нервни болести. За негово ставање во функција ќе бидат ангажирани стручни технички лица. Од причини што за прв пат во болницата ќе се пружат здравствени услуги за ЕЕГ снимање, медицинскиот персонал кој ќе работи со апаратот дополнително ќе се обучува. Досега, за ваков вид на здравствени услуги, пациентите од Гевгелија, Богданци, Дојран беа праќани во најблиската болница, а тоа е ОБ Струмица.“ – изјавија од ОБ Гевгелија.

CM4ALL – поддршка против рудникот на смртта во Иловица

На 23.06.2019 делегација од три члена на нашето здружение присуствуваше на собирот во подножјето на Огражден планина, односно на живиот ѕид против рудникот на смртта Иловица-Штука. Нашето присуство е симболично и со јасна порака дека во наша близина не сакаме рудници со отворен коп

Бидејки сите членови на нашето здружение се со јасен став ПРОТИВ рудници од ваков тип, бевме да им дадеме силна физичка и морална подршка на нашите неуморни борци од Струмица. СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!

 

Моменти од првата Еко забава на Вардарски рид (фото галерија)

Фотографии од Димитар Новаков ТУКА.

Фотографии од Гоце Тасевски ТУКА.

Видео презентација со фотографии од Димитар Мијов ТУКА.

Медиумска поддршка за првата Еко забава на Вардарски рид.

За првата еко забава во Гевгелија „Го Сакаме Вардарски Рид” известуваа повеќе електронски и пишани медиуми.

Претседателката на здружението ChangeMakers4All Марина Томова беше гостин на локалните електронски медиуми телевизија Нова 12 и радио Time FM.

Голема медиумска подршка првата еко забава во градот доби и од:

ТВ Сител — http://bit.ly/2N4W5DQ
ТВ Нова 12 — http://bit.ly/2IFhnDN
Oпштина Гевгелија — http://bit.ly/2LdkN2n
Drnka.mk — http://bit.ly/2XswrwR

Објавувањето главно одеше преку фб страницата на здружението и гевгелиската група на facebook Лафум Гивгилијски и Не Са Замарум.

Покана за Еко забава на Вардарски рид – Гевгелија

Вардарски рид

Како сите генерации ги поврзува Вардарски рид?

Сите што постоиме во моментов и сме од Гевгелија и гевгелијско сме сведоци на случувањата на Вардарски рид. 
Место каде што луѓето одеа на пикник, славеа 1ви и 2ри Мај. Кога на Вардарски рид имаше другарство.

Колку убвави моменти и сеќавања имате од ова место?
Колку многу лјубов има започнато на овој рид?

Ридот кој чува многу тајни.

За тебе.

За нас.

За луѓето пред нас.

И кога немаше место во „Авата“ и се слушаше песната „Мама писке, тато дава“ од Ланата Бенд, луѓето се дружеа на ридот, а тој беше чуван и уживан…

Исто така многу не засега сите прашањето: Колку историја чува овој рид?

Археолошко наследство на градот!

Наше!

На нашиот Вардарски има докази за македонскиот крал Александар Први кои датираат од крајот на шестиот и почетокот на петтиот век пред нашата ера и се од огромна важност.
Докази кои укажуваат на повеќе од 1000 години континуирано постоење.
Од доцниот бронзен век (13 век пред нашата ера) до доаѓањето на римјаните.

Културно наследство кое СО ПОЧИТ треба да се чува и посетува!

Вардарски рид денес:

Демолиран од несовесни граѓани кои заслужуваат најстрога казна!
Луѓе, треба да го чуваме ридот!
Заедничкото наследство е и заедничка одговорност!

Затоа што Вардарски рид си Tи, а и твоите предци!

Затоа Ве покануваме на нашата ЕКО – ЗАБАВА на која ќе го уредиме ова наследство.

Дојди за да го вложиш и ТИ твојот труд и да бидеш сведок на заедничкиот повик:

„ Ридот е наш! Ние го средивме, ние ќе го чуваме!“

Придружете ни се сите, стари, млади, родители и деца, граѓани на Гевгелија!
Голема благодарност за соработката на:

ЈПКД Комуналец
Општина Гевгелија
Музеј Гевгелија
И секоја чест на сите кои помагаат при организирањето и кои воопшто немаше потреба да ги прашаме „Дали ке сакате да учествувате со Вашиот труд на оваа акција?“ и секогаш беа спремни да одговорат позитивно на нашите барања со „ Ќе ни биде чест и задоволство да бидеме дел од оваа заедничка одговорност.“

ЗАЕДНО градиме историја и традиција на чување и почитување на нашето наследство!

Почит до:

Коста Ампов (опрема за озвучување)
Никола Опров и Димитар Мијов (водители)
Интер Комерц (поправка на клупи и корпи за отпадоци)
Мотел Вардар (освезителни пијалаци за учесниците)
Флора МИМ (подароци за учесниците)
DJ Иле (музика, претставник од Тајм ФМ)
Баламов Компани (материјали)
И секоја чест за гостите кои ќе бидат изненадување.

South Macedonian Treasure

We developed a unique program of  7 days to visit the beautiful region in the south of Macedonia. We work with the local community to offer a variety of activities and excursions in the area. You will taste the best food, and be charmed by the enormous hospitality that so characterizes the Macedonian people. You can read the detailed program HERE. We welcome you wholeheartedly and hope to meet you!

Payment:

DEVIZE ACC:

Bank: Komercijalna Banka AD Skopje

Acc.no: 02-307-0646172.3

IBAN: MK07300307064617206

SWIFT: KOBSMK2X

MACEDONIAN ACC:

Bank: Sparkasse bank

Acc.nr: 250-0010040051-10

Crowdfund Campaign: Kickstart change in Macedonia

We started with a crowdfund campaign via https://www.indiegogo.com/projects/kickstart-change-in-macedonia-community#/ . The campaign is aimed at the start-up of our cooperative and acceleration of our activities and programs. We have developed a 1-week program to visit this beautiful region. More details will follow. The crowdfund will also support a voluntary organization in Gevgelija which works with people with an incurable lung disease. https://www.facebook.com/PHMacedonia/

Hello world! We are Changemakers4all!

On 11th of June 2018 began the story of Changemakers4all.

With 3 people, sitting on the table, and talking about the situation in this country after couple of weeks, #Changemakers4all was born.

How this cooperative, and why was created, we will share with you on our 1st birthday.

In the begining of july we will thank, and honnor all of our supporters, and club 50 members trought whole year who trust, and see the Change trough us, involving the support from our citizens and further too…

We will also show how much we appriciate the support from #EUComission,#Brussels, #TheEmbasyoftheNetherlands, #TheNetherlands

It will be continued.

So, stay tuned 🌍

With respect to you all 🙏
#TheChangemakers

Welcome to our site. We are the Changemakers4all! This is a Cooperative which aims to uncover the treasures of Macedonia and unleash opportunities for people. We started up with a group of 8 people: 7 from Macedonia and 1 from The Netherlands. We are: Marina Tomova (President) and Saskia Harkema, Dimitar Novakov, Goce Tasevski, Dimitar Mijov, Venci Ristov, Lazar Stamkov and Vlado Angelovski (Executive Board). We focus on Tourism, Agriculture, Culture, Ecology and Education. Follow us through this website and our social media pages.