Гевгелиската општа болница доби ЕЕГ апарат како донација


Со огромна радост ве известуваме дека нашата локална болница ќе може да ни пружи преглед за кој претходно мораше да патуваме барем до Струмица.

Се работи за електроенцефалограм или ЕЕГ апарат кој се користи за дијагностицирање на мозочни удари, епилепсија, повреди на главата, главоболки, мозочни тумори итн.

Апаратот пристигна во просториите на болницата и за неколку месеци, откако ќе се обезбедат соодветни услови за работа, ќе биде ставен во употреба.

Нашето здружение Changemakers4All, во соработка со Микродонија, Јан Звиерс и Тајс Зоон  ја донесе оваа донација од универзитетскиот медицински центар во Гронинген.

„ЕЕГ апаратот е моментално во магацински простор на болницата, но наскоро ќе биде поставен во посебна просторија на одделението за нервни болести. За негово ставање во функција ќе бидат ангажирани стручни технички лица. Од причини што за прв пат во болницата ќе се пружат здравствени услуги за ЕЕГ снимање, медицинскиот персонал кој ќе работи со апаратот дополнително ќе се обучува. Досега, за ваков вид на здравствени услуги, пациентите од Гевгелија, Богданци, Дојран беа праќани во најблиската болница, а тоа е ОБ Струмица.“ – изјавија од ОБ Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *