Покана за Еко забава на Вардарски рид – Гевгелија


Вардарски рид

Како сите генерации ги поврзува Вардарски рид?

Сите што постоиме во моментов и сме од Гевгелија и гевгелијско сме сведоци на случувањата на Вардарски рид. 
Место каде што луѓето одеа на пикник, славеа 1ви и 2ри Мај. Кога на Вардарски рид имаше другарство.

Колку убвави моменти и сеќавања имате од ова место?
Колку многу лјубов има започнато на овој рид?

Ридот кој чува многу тајни.

За тебе.

За нас.

За луѓето пред нас.

И кога немаше место во „Авата“ и се слушаше песната „Мама писке, тато дава“ од Ланата Бенд, луѓето се дружеа на ридот, а тој беше чуван и уживан…

Исто така многу не засега сите прашањето: Колку историја чува овој рид?

Археолошко наследство на градот!

Наше!

На нашиот Вардарски има докази за македонскиот крал Александар Први кои датираат од крајот на шестиот и почетокот на петтиот век пред нашата ера и се од огромна важност.
Докази кои укажуваат на повеќе од 1000 години континуирано постоење.
Од доцниот бронзен век (13 век пред нашата ера) до доаѓањето на римјаните.

Културно наследство кое СО ПОЧИТ треба да се чува и посетува!

Вардарски рид денес:

Демолиран од несовесни граѓани кои заслужуваат најстрога казна!
Луѓе, треба да го чуваме ридот!
Заедничкото наследство е и заедничка одговорност!

Затоа што Вардарски рид си Tи, а и твоите предци!

Затоа Ве покануваме на нашата ЕКО – ЗАБАВА на која ќе го уредиме ова наследство.

Дојди за да го вложиш и ТИ твојот труд и да бидеш сведок на заедничкиот повик:

„ Ридот е наш! Ние го средивме, ние ќе го чуваме!“

Придружете ни се сите, стари, млади, родители и деца, граѓани на Гевгелија!
Голема благодарност за соработката на:

ЈПКД Комуналец
Општина Гевгелија
Музеј Гевгелија
И секоја чест на сите кои помагаат при организирањето и кои воопшто немаше потреба да ги прашаме „Дали ке сакате да учествувате со Вашиот труд на оваа акција?“ и секогаш беа спремни да одговорат позитивно на нашите барања со „ Ќе ни биде чест и задоволство да бидеме дел од оваа заедничка одговорност.“

ЗАЕДНО градиме историја и традиција на чување и почитување на нашето наследство!

Почит до:

Коста Ампов (опрема за озвучување)
Никола Опров и Димитар Мијов (водители)
Интер Комерц (поправка на клупи и корпи за отпадоци)
Мотел Вардар (освезителни пијалаци за учесниците)
Флора МИМ (подароци за учесниците)
DJ Иле (музика, претставник од Тајм ФМ)
Баламов Компани (материјали)
И секоја чест за гостите кои ќе бидат изненадување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *