Акција ,,Земи облека и донирај!‘‘


Changemakers4all спроведе донаторска акција која беше реализирана во соработка со Microdonia и Дневниот центар за лицата со посебни потреби. Истата имаше забавен и хуманитарен карактер и од собраните средства кои беа преброени во присуство на лица од Дневниот центар, членови на здружението и група граѓани, следната недела во истиот состав, благодарение на вас граѓаните ќе купиме телевизор кој ќе биде дониран во Дневниот центар.
Среќни и горди сме за соработката со нашите сограѓани.

Земи парче облека и донирај 50 денари вроди со плод, затоа ваквите и слични акции ќе ги има и понатаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *