Велосипедска Еко Акција – Сифулајка без ѓубре!


Прва велосипедска еко акција – СИФУЛАЈКА БЕЗ ЃУБРЕ! организирана од Changemakers4All.
Во акцијата може да учествуваат сите кои што имаат велосипеди и имаат желба да дружат и малку да чистат, тие што немaат велосипеди, а имаат желба да не дружат се добродојдени и со други превозни средства.

Тргнуваме организирано од градскиот центар (пред Кит-го) во недела точно во 18 часот.

Датум:21.07. 2019

Место: Сифулајка (Киселата вода)

Екипата ќе биде составена од членови на здружението ChangeMakers4All, активни и помалку активни велосипедисти и велосипедистки, членови на навивачката група Фантоми и позитивни луѓе кои што сакат да дружат па ако има расположение, а ќе има – ќе има и свирка во живо на гитара, две, три или повеќе! 🙂
Настанот е поддржан од Општина Гевгелија и ЈПКД Комуналец – Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *